Зимски велосипед

Надвор паѓа снег, а јас со радост тријам раце затоа што во гаража спремен ме чека мојот зимски велосипед. Се работи всушност за мојот велосипед кој го користам за низ град, а во зима го трансформирам во возило спремно за зимска авантура.

   090120123329

Вака започна (слика горе). На поклон добив една празна рамка на која и додадов све. Тркала, пренос, волан, педали, кочници. Све комплет. И на крај излезе вака (слика доле).

120120123360

Дојде зима 2011, и истиот велосипед се трансформира во ова:

250120123457

Најважна промена која му ја направив беа гумите. Мазните тенки гуми за асфалт ги заменив со дебели гуми со крупни крампони. На предната гума по принципот “Направи сам” и додадов штрафови за да може да се вози и по замрзнат снег, а богами и чист мраз.

250120123449

Уште се гордеам со себе колку успешно испадна на крајот. Гумата “спие” и на мраз и по снег, а звукот кој што го произведува е прекрасен.

И како што имаше снег минатата година, а се надевам така ќе има и оваа, велосипедот го искористив до максимум.

02-02-12_071329-01-12_123602-02-12_155029-01-12_1305 orce nikolov  29-01-12_1417 02-02-12_1555

Зима како зима, на рацете ладно, па затоа оваа година решив го да надградам со уште еден “Направи сам” момент. Се работи за штитници за раце. Земав едно балонче за вода од 5 литри, го преполовив, и половините ги зацврстив на рачките на воланот (слики доле)

IMG_20121223_180741 IMG_20121223_180825

Тестовите беа успешни. Нема веќе ладни раце затоа што препреката штити ладниот воздух директно да удира во ракавиците, а со тоа и да ги вкочанува прстите. Сега можам слободно да го користам ѕвончето! Дринг- дринг!

И така, сега на секои 15 минути проверувам низ прозор дали надвор паѓа снег затоа што немам веќе трпение. Ајде падни веќе еднаш!

ПС: Минатата година снимив и едно видео за велосипедот (линк доле)

About these ads

2 мисли на „Зимски велосипед

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s