Основен алат и прибор

Како што приметив се наоѓам во еден вакуум период во кој не сум во можност да возам колку што сакам, па затоа решив да прочепкам малку низ торбата на лежипедот и да споделам што имам во неа што е од есенцијална важност.

Основна опрема

Освен работите кои што ги земам со мене кои се разликуваат од патување до патување, имам одредена група основен алат и прибор без кои не тргнувам и тие сега ќе ги набројам (на сликата од лево кон десно)

Image 

На прво место се резервните гуми кои во мојот случај се две различни величини, една 20″ и една 26″ поради различните тркала напред и назад. Мислам дека  дупнувањето гума на пат е најчест “party- breaker” кој одзема дел од времето и дел од нервите па затоа користењето на резервни гуми е најлесен и наједноставен начин за враќањето назад на забавата.

Следни се двете GIYO пластични хеблички кои служат за вадење на надворешната гума од обрачот. Поновите модели се добро дизајнирани, со куки со кои се закачуваат на самите жици од тркалото со што ја ослободуваат едната рака и го олеснуваат вадењето на гумата.

На трето место е пумпата. Користам TOPEAK Mini Dual пумпа која што пумпа и при влечење и при туркање на рачката, а со тоа придонесува за побрзо пумпање на гумите. Добра и сигурна пумпа на пат е една од најосновните потреби, а јас сум презадоволен од мојата.

За секој случај, и покрај надворешните гуми со заштита против дупнување и плус резервните гуми, сепак носам и основен прибор за лепење составен од лепенки, лепак и мала шмиргла за чистење на гумата пред нанесување на лепакот. Не заземаат воопшто место во торбата, а сепак прават да се чувствувам сигурен каде и да сум тргнат.

Од алат носам еден TOPEAK мулти- функционален клуч со сите потребни имбус величини. Еден клуч за различни штрафови и два клуча за најчестите големини на штрафови кај велосипедите 10, 11, 12 и 13. Овој прибор е доволен за поправање на сите основни и мали поправки кои е можно да се случат. Исто така носам и едно мало швајцарско ноже кое секогаш се наоѓа за се и сешто и неколку практични Зип стеги.

Како дел од основниот алат и прибор секогаш носам и мал прибор за кафе кој што може да се види на најдесниот крај од горната слика.

Додатна опрема

dopolnitelna oprema

Под додатна опрема спаѓаат оние работи кои не се од основна важност за едно патување и тие ќе ги набројам исто почнувајќи од лево кон десно на сликата.

На прво место е екстра дози на кафе кои веќе спаѓаат во доменот на луксуз и уживање, а и во моменти кога основните залихи се потрошени.

Следно е мало метално огледалце за дотерување пред застанување на бензинска станица или пред влегување во поголемо населено место. Секој човек мора да се грижи за својот изглед и тука велосипедистите не се исклучок.

За во летните периоди, бидејќи сум со светол тен, секогаш носам со мене крема за сончање со најмалку 30 УВ фактор.

Смартфонот со GPS ми е едно од поновите помагала кое што навистина ја олеснува навигацијата низ предели по кои прв пат проаѓам.

Бидејќи мојот модел на лежипед е без амортизери често ми е од голема важност точно да го подесам притисокот во гумите во зависност од теренот по кој возам, помеки за нерамен земјен пат, а потврди за асфалт. Затоа понекогаш го носам и мерачот за притисок во гумите.

На крајот од сликата е солзавецот или Pepper спрејот против кучиња. Многу често при возење се среќавам со кучиња во најразлично расположение. Досега сум немал проблем со ниедно од нив но сепак средбите не ме оставаат рамнодушен. Спрејот за среќа не сум имал прилика да го употребам, а се надевам дека и никогаш нема.

За крај еден поздрав од Свети Николе.

IMG_20120923_132844

Свети Николе 2012

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s