Мојот лежипед

IMG_20120722_065042

Ова е мојот лежипед.

Рамката е модел Action Plus од тајванскиот производител TW BENTS. Ја набавив преку дилер во Унгарија – http://www.ambringa.hu/ кои беа единствени во околината на Македонија од каде што можеше да се најде ваков велосипед. По интернет не успеав да најдам ништо поблиску кај нашите соседи.

Се работи за Short wheelbase recumbent – SWB или преведено Лежипед со кратко меѓуоскино растојание, со тркала со различна големина напред и назад. Предното е 20″ тркало, тоа е големина на тркало кое се користи кај BMX велосипеди, Пони или детски велосипеди. Задното тркало е 26″, големина која стандардно се користи кај планинските велосипеди -Mountain bikes. Разликата во големината на тркалата е корисна поради едноставноста на конструкцијата во однос на преносот на ланецот од педалите до задното тркало, а исто така и влијае на висината на педалите од тлото – поголемо предно тркало значи и повисоко поставени педали од тлото.

Во однос на поставеноста на воланот, каде постојат две опции – волан Под седиштето – Under seat steering (USS) и Над седиштето Over seat steering (OSS), се решив за Над седиштето – OSS, бидејќи ми беше поблиску до сфаќањето и искуството што досега го имам со велосипедите.

Од опрема има кочници V Brake Tektro со Kool Stop гумички (рамката има можност за инсталирање на диск кочници за кои уште не сум осетил потреба), преносот е стар Acera модел (тоа што се нашло), предниот менувач е Shimano Tourney, а задниот Shimano Acera (нов). Предното тркало е купено на старо, извадено од BMX, обрач Alienation Black Sheep со индустриски лагери Mongoose , додека задното е од мојот стар велосипед- обрач Rigida Zac 2000 со Acera главина. Гумите се Schwalbe Road Plus со заштита против дупнување, единствени што можев во пар да ги најдам за различната големина на тркалата.

Од додатоци има багажник со мала торба, ретровизор, два бидони за вода и знаменце за видливост во сообраќајот.

Ова е малку “сув” информативен пост за мојот лежипед. За убавините на возење на истиот во некој друг пост..

24-06-12_1054

Сликата е од плоштадот во Куманово.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s