Мала ноќна вожња

Седев дома, се мислев дали е ладно надвор па решив да се провозам малку. Одамна не сум бил во Бисер на кафе.

Од Карпош тргнав преку Плоштад.

Image

Цел град е сè уште украсен со сијалички, не знам до кога ќе биде. Украсите како да се трудат да му дадат на градот празнична атмосфера, но кој како ја чувствува. Јас не сум нешто премногу возбуден.

Image

На плоштад се мислев каде да удрам едно фото и видов дека кај Порта Македонија има најмалку гужва. Е сега, дали Голфот од обезбедувањето треба да е дел од Триумфалната идила, не сум сигурен. Фото!

Image

Позади Собрание, Градска болница, па покрај Банки (по ново Џамбо), преку Железничка станица стасав до Бисер. Признавам возев по тротоарите, а не по велосипедските патеки пошто така нели се вози во Скопје. Конечно на кафе.

Image

На мое огромно жалење сфатив дека мојот омилен Нескафе кафемат повеќе не постои, најверојатно поврзано со некакви проблеми на газдата на Тобакото. Се задоволив со кафе од друг кафемат, уствари не се задоволив туку само се напив пошто нема шанси овој кафемат со мојот. Ах…

Пред да тргнам за назад сликнав и малку од паркчето позади првото Веро во Скопје.

Image

Image

Тргнав назад. Малку ми стана ладно на рацете ама ништо страшно. Сфатив дека поради тоа што цел грб ми е потпрен на седиштето во зима не може никогаш да ми биде ладно затоа што сам себе се топлам.

Повторно покрај Банки, па преку оној грозниот дел од кејот кај таксистите. Темница, бетонските плочки крш, нормално и куче ми се пушти, а како контраст на све се наѕираат новите осветлени згради на МВР и Археолошкиот музеј. По Партизанска дома со страв пошто баш сега ми се потрошија батериите на задното црвено светло.

Дома.

Сè на сè, мала, ноќна, вожња.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s