Да имаш лежипед

Си реков да споделам како е да имаш лежипед. Прво мислев да преведам некој странски текст, да нафрлам неколку слики и објаснувања, но после си реков да направам еден мал осврт од мој агол. Ќе се потрудам текстот да го олабавам од научни експерименти и сериозни анализи кои ќе се потрудам да ги пренесам другпат изворно со линк или превод.

Кога зборуваш за лежипед не можеш да ја избегнеш споредбата со “обичните” велосипеди. Јас лично не сум убеден дека можеш да споредуваш работи кои се толку различни. Сличности на едните со другите на прв поглед има многу. Почнувајќи од преносот на силата преку педали, тркалата, кочниците и останатата опрема е во потполност иста. Се разликува само положбата при возење, на едниот се седи додека на другиот се лежи. И од таму веќе се е различно. Од сите совети за  адаптирање на положбата при возење на велосипед може да се задржи само далечината на педалите од торзото. Имам искуство и со двата типа на велосипеди со возење на подолги  патеки, каде што удобноста е од голема важност затоа што се работи за многу време поминато на седиште.

Разликата на седиштата е огромна. Додека на велосипедот целата тежина на телото се концентрира на две коски на задникот, на лежипедот тежината се распоредува на голема површина на задникот и скоро на цел грб, а тоа и самата легната положба придонесуваат за далеку поудобно возење. Исто така поради легнатата положба никаква тежина не се пренесува на рацете кои знам колку можат да болат на обичен велосипед.

Нозете се во висина на телото (во зависност на моделот висината варира). На почеток ми беше малку чудно, но бргу се навикнав. Не сум голем љубител на врзување на стапалата за педалите, но во овој случај открив дека везовите (од старовремските) се од голема помош затоа што не им дозволуваат на нозете да “шетаат” лево- десно врз педалите.

Погледот од Лежипед е фантастичен, отворен и широк. Нема никаков грч во вратот и рамената. Се е опуштено, релаксирано и мирно. Освен кога возиш по удолница, а тогаш аеродинамиката си го прави своето, авион!

Плетвар

Малку за “лошите” работи.

Колку што лежипедот би го препорачал за патишта надвор од град поради удобноста, прегледноста и уживањето при возење, дотолку не би го препорачал за возење низ град. Едноставно не се снаоѓа како “обичен” велосипед низ градски улици, тротоари и сообраќај. Кога викам градски мислам на наши градски услови. Верувам дека со добра велосипедска инфраструктура лежипедот би бил исто така забавен за возење низ град како и надвор од него.

Друго. Голем е. Димензиите не му се баш адекватни за чување во стан или транспорт со лифт. По скали брате!

Најголема замерка му наоѓаат што поради конструкцијата е потежок од велосипед, па затоа и има лоша репутација за качување по угорници. На почеток влијание имаат и мускулите кои не се извежбани за таков начин на возење и треба извесен период да се навикнат. Е сега со напредокот на технологијата тежината полека се изедначува со велосипедите (карбонски и алуминиумски рамки), а и се советуваат различни техники на возење (побрз ритам на вртење на педалите- каденца).

Финансии. Бидејќи се уште се нема некој голем светски производител на велосипеди нафатено да ги произведува, лежипед може да се набави од производители кои не ги произведуваат во доволен број за да би имале конкуренција на пазарот. Затоа цената им е висока. Најефтините челични рамки се движат околу 500 евра па нагоре.

Најважниот  момент при имањето на лежипед е вниманието кое го привлекува. Нема шанси да поминеш неприметен никаде. Ни по градска улица ни надвор од град. Сите се вртат по тебе. Некои довикуваат, некои не веруваат, а некои се смеат. Сум приметил дека старите ми даваат знаци на респект: “Браво! Види како се снашол!”,  Младите со различни ставови од: “Нормален ли си?” до “Еј, види го шизик!”. Девојките најчесто се смеат, а Ромите се најсреќни!

Железничка станица Прилеп

Бидејќи ова веќе спаѓа во едно поле на психички афинитети, дали толку внимание ти одговара или не, би го оставил за секој да си го сфати како сака без да го категоризирам како позитивно или негативно искуство од имање лежипед.

Имам уште страници и страници да пишувам за лежипедот и пак не верувам дека ќе успеам да доловам се што ми се случува и како се чувствувам од кога го имам. Ене го сега во соба ме чека да си легнам.

4 thoughts on “Да имаш лежипед

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s