Момче и велосипед

Налетав на стар краток филм од 1962 година. Режисер Ридли Скот.

Се работи за 16 годишно момче во време кога се осознава себеси и околината. Еден ден отсуство од училиште. Цела приказна во 27 минути црно бел филм. Велосипед прикажан во неговата да ја наречам изворна форма, кога најмногу значи. Кога нуди слобода, не само на движење, туку и како пријател, другар толку близок и интимен. Тука е, а како да не е, додека без него ништо не би било исто. Едно видување кое верувам на сите им е познато од детството.

 

 

Слушав деновиве за многу различни погледи на велосипедот. Како урбан траспортер, како спортски натпреварувач, спасувач на околината, светски патник, механичко совршенство, но за мене ова е најважната улога која може велосипедот да ја има во еден живот. Да ти овозможи да отидеш уште малку подалеку, а со толку малку труд, со толку непосредност и едноставност и тоа во период кога од дете стануваш човек..

Браво за Ридли Скот.

За филмот http://en.wikipedia.org/wiki/Boy_and_Bicycle

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s