Зимски велосипед на Водно

Бидеќи си го изнафалив зимскиот велосипед во прошлиот пост редно беше и да го пробам на Водно. Видов убаво наврнал снег во саботата и решив денес да се качам до врв додека се уште не се стопил.

Вечерта го стегнав малку, го оставив да преспие на топло и сабајле тргнав. Со мене земав све. Резервни блузи, чорапи, ѕиври, поткошула, ракавици, капа, маица, полн ранец облека. Си реков ќе бидам испотен кога ќе стасам и ќе се пресоблечам во све суво. Стратешки се припремив колку јако ќе возам затоа што знам дека ако брзам до средно, ем ќе се уморам, ем ќе се испотам. Не се исплати.

Стасав до Средно.

IMG_20130127_101411

Сфатив дека стратегијата ми е успешна затоа што не бев ни испотен ни уморен. Се присетив на старите болки во грбот, дланките и  “позадината”. Одамна не сум возел подолго обичен точак. Е ако е до вистината, сепак качувањето со него е побрзо отколку со лежипедот.

Тргнав нагоре. Снегот беше фантастичен. Натапкан, мазен, светкаше. И времето се отвори. Возев и цело време си повторував “Ова е најдоброто качување до сега”, “Ова е најдоброто досега…”. И така и беше некаде до кај Детското. После тоа снегот веќе не беше толку натапкан, мазен и светкав. Остана само една нерамна, тесна патека по која беше невозможно да се вози. Но сепак задоволството беше огромно.

IMG_20130127_113808

Луѓе имаше тука и таму. Приметив дека денес беа некако особено љубезни. Изгледа и нив ги имаше потфатено задоволството од убавото време. Мислам дека најмалку десет, по правило постари господа, ми ја кажаа омилената шега во однос на Водно,  велосипед и зима: -Ланци имаш? -Имам!, на сите им одговарав, а они со чудење ме гледаа. -Хехе.

Скоро на врв.

IMG_20130127_122501

Уште не си верувам дека не сум го сликал Крстот. Мислам дека се уште идејата за качување на врв на Водно, за крајната дестинација, ми е Планинарскиот дом. Некако Крстот го чувствувам дека е за тие што се качуваат со жичарата. Модерен.

Стасав до врвот. Сфатив дека све што сум земал со себе од облека, сум го земал за џабе. Толку на раат возев (и буткав) што се чувствував како да сум отишол по леб до продавница. Како и да е, сепак влегов да видам како е внатре. Гужва. Назад.

Кафе! И тоа од мојот омилен Нескафе апарат! На екс! И мала пауза.

IMG_20130127_125838

Убавини.

IMG_20130127_124535

IMG_20130127_125859

И јас убавина🙂

Тргнав назад. Одма сфатив дека кочниците не се на ниво на задачата. Затоа внимателно и полека. Од друга страна пак штитниците за раце се покажаа совршени. Надолу уште луѓе, деца, санки, насмевки, -Ланци имаш! -Имам! и така.

Средно, гужва, коли, автобуси. Изгледа отсега така ќе биде поради жичарата. Треба да се избегнува недела за возење по Водно.

И дома.

ПС: Потсетник за мене, следниот пат попразен ранецот малку..

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s