“Papa’s got a brand new bags”

Конечно!

По пренатрпувањето на малата торбичка на лежипедот ќе се опуштам со нови поголеми торби. Изборот беше направен според основните соодноси на цена и потреба. Пребарував по нашите продавници и по огласите и на крај се решив за овие. (слика доле)

IMG_20130209_112329

Ги најдов на оглас. Домаќин човек, ги донел од Австрија, скроз нови, пристојна цена. Имаше и уште еден пар малку поинакви, но овие повеќе ми се допаднаа поради цврстата конструкција и вградената водоотпорна навлака. Признавам дека сум слаб на звучни имиња на фирми, а за оваа никогаш не сум чул. Малку пребарав по гугл, но ништо не најдов за FRISBEE Line велосипедски торби. Нема врска, ми се свиѓаат.

Следи монтирање.

IMG_20130209_113056

IMG_20130209_113023

Нешто што не смеам да си го дозволам на пат се лабави делови, затоа се нафрлив на работа. Позадината на торбите е од цврста пластика, но сепак треба малку да се засили. Најдов стара корниза за завеси и исеков четири носачи кои ги зацврстив за багажникот на лежипедот со зип стеги. Каналите ги затворив со изолир трака за да не се насобира вода во нив ако возам по дожд. Најголема дилема ми беше дали торбите фиксно да ги зацврстам или да направам некако да можат да се откачуваат. Првобитна идеја ми беше да ја дупнам позадината на торбите и да ги зацврстам за носачите со зип стеги што ќе значеше дака ако сакам некогаш да ги извадам (во воз да речеме) дека ќе морам да ги пресечам стегите и после да не можам да ги вратам пак ако немам стеги. Тоа некако ми ги врзува рацете. Се решив за малку поинаков пристап. Наместо стеги искористив велкро или чичак траки кои ги проврев низ позадината на торбите и ги завртев околу носачите. Топ! Дури и се зачудив колку цврсто стојат.

За да си ја зголемам безбедноста и видливоста ноќе исеков две бели парчиња од стара регистерска табличка кои ги зацврстив на задниот крај од торбите.

Следи проба.

IMG_20130210_145458

IMG_20130210_145432

Свртев неколку круга низ маало. Намерно влетував во дупки и тротоари за да проверам дали се клатат, но тестот покажа дека воопшто не мрдаат. Ме зачуди колку се тивки. Бев навикнат на звуците од старата торбичка која ми беше во висина на главата, сега бидејќи овие се подолу ништо не ми тропка зад ушите. Тишина.

Ги пробав и водоотпорните навлаки.

IMG_20130210_145659

Морам да признаам дека сум задоволен.

IMG_20130210_145753

Единствената работа кај новите торби што не ми се допадна е тоа што поради нивната големина го изгубив местото за монтирање на шишињата за вода. Од друга страна па сигурно ќе уживам во изнаоѓање на друго место за да ги монтирам.

Местото на новите торби им е на пат и јас со нетрпение ја очекувам дружбата со нив.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s