Работна недела

Недела. Уште од вчера решив да ги проверам малку посериозно промените што ги направив на лежипедот. Знам дека најдобар полигон за тестирање ми е Водно, па тогаш и тоа е решено. Малку се колебав поради дождот ама па дома не ми се седеше, секако ќе излезев.

Тргнав накај средно Водно. Малку подврнуваше, но не ми пречеше. Ги искористив водоотпорните навлаки за да ги заштитам торбите, а јас облеков јакна. Се прашував во каква форма сум физички и се израдував кога сфатив дека качувањето по угорница веќе не ми претставува никаков проблем, иако намерно дури и се претоварив.  Добро, некаде на пола пат во ретровизорот видов велосипедист. Си реков малку ќе се тркам, но тој ме помина толку бргу како да стојам во место. На проаѓање ми дофрли “Здраво Сергеј!” и тогаш видов дека тоа е уствари Гари (сега работи во Бајк Маркет кај фонтана), сум нашол со кого да се тркам си реков насмеано.

Средно Водно, доручек.

IMG_20130224_110005

Важно ми беше да ги проверам новите места на шишињата за вода. Едниот држач фиксно го зацврстив од внатрешната страна на торбата така што ќе ми служи за резервна вода која ќе ја претурам во шишето со црево кое го монтирав на наслонот на седиштето. Освен што цревото поради должината влегува во тркалото, друго све ми се виде сосем ОК.

IMG_20130224_110521

Се мислев да тргнам надолу кога ми текна да извозам до Свети Пантелејмон, не сум бил одамна, а и од таму ќе се симнам во Карпош.

Бргу стасав. Мислам дека има само 5 километри од средно Водно до Горно Нерези. Патот беше мокар и каллив, но без возила. Таман.

(За Свети Пантелејмон http://tinyurl.com/csdy4o9 )

IMG_20130224_114553

Горе, освен повременото лаење на кучињата, беше тивко. Неколку гости, посетители што зборуваа на англиски, еден заљубен пар и јас со мојот лежипед. Во еден момент по патот низ Нерези се зачу коњски топот. Мислам дека имаше околу шест или седум коњаници на оседлани коњи. Признавам за мене редок призор. Ги начекав коњите насамо, па ги сликнав.

IMG_20130224_115532Дечкото од заљубениот пар го замолив да ме сликне мене.

IMG_20130224_115101

Фала, Извини, Чао.

Време беше да се тргне надолу и едвај чекав затоа што сакав да видам како ќе се однесуваат торбите по удолница, а и набргу сфатив. Не е се баш како што треба.

Тежината на торбите на задниот дел од лежипедот, и нивната висока поставеност (поради мали пречки при монтирањето на багажникот) го прават управувањето по удолница преосетливо и поради тоа предизвикуваат малку небезбедно чувство. На пола пат веќе се навикнав на новите моменти, но сфатив дека сепак треба да направам што можам за да поправам впечатокот.

Стасав дома, ручав, отидовме на гости, ама во глава цело време ми стоеше задниот дел од лежипедот. Се вратив дома и се зафатив за работа. Немав голем избор на преправки кои можев да ги изведам, па земав да го средувам багажникот. Се потапшав по рамо затоа што торбите решив да не ги врзам фиксно, туку со можност за демонтирање, бидејќи сега морав да ги извадам.

Багажникот уште на првото монтирање кога го купив не се согласуваше со потпирачите на седиштето во смисол “Две метални работи не можат да бидат на исто место во исто време”. Затоа беше монтиран солидно високо и тоа ја предизвикуваше “мекоста” на задниот дел при поголеми брзини.  Алат Искра Mini Tool со висок број на вртежи. Резултат “Нема метал таму кај што проаѓа сечивото” и сега багажникот може да се симне подолу.

240220135011

(Нормално дека го истругав поубаво и не го оставив вака како гризено со заби)

Поправката беше успешна. Веднаш се осети подобрување во задниот дел. Све е сега покомпактно и поцврсто само се мислам сега каде да одам да тестирам, најверојатно на Водно пак. Идната недела.

3 thoughts on “Работна недела

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s