Навремено незгодно окритие

Како што се стопли решив да му го спремам велосипедот на син ми. При последното возење минатата година возејќи кон кеј, успеа со велосипедот да налета на суво парче трева кое уште од далеку ми изгледаше сомнително. После  само неколку метри сфативме дака за жал сум бил во право, и двете гуми му беа комплетно покриени со трња од Tribulus terrestris (Бабин зуб)

CD75-41-11042-DC

(слика позајмена од  http://darkerview.com)

Иако билката е со многу лековити својства (http://www.herbateka.eu/content/babin-zub-tribulus-terrestris) велосипедистите ја знаат повеќе по незгодните средби. Трњата не само што скоро гарантирано ја дупнуваат гумата, туку ја дупнуваат на неколку места истовремено. Лепењето на гума дупната од оваа билка е скоро невозможна мисија.

Затоа откога ја утврдив непоправливата состојба на гумите на син ми решив да му ги сменам со нови. Пребарав секаде кај мене дома, но со таа димензија успеав да најдам само една гума која исто така беше дупната, но барем се работеше само за една дупка. Ја залепив таа една дупка, ја намонтирав на тркалото и се мислев што да правам за втората гума. Бидејќи му ветив дека дента ќе се возиме со велосипедите, решив да му ја ставам мојата резервна гума која секогаш ја носам со мене во торбицата на лежипедот. Барем е нова си реков, не мора ништо да и правам, а за мене ќе си купам неделава.

Ја намонтирав и почнав да ја пумпам, тоест тоа мислев дека правам . Гумата едноставно не се пумпаше. Ја извадив ѕиваната и ја вратив, ја притиснав пумпата појако, се препотив од јако пумпање, но ништо не се случуваше. Нешто не е во ред.

Ја извадив гумата и ѕиваната и пробав да ја напумпам со уста барем да откријам во што е проблемот. На мое непријатно изненадување осетив дека како што дувам во гумата неодредено ветре ми дува во вратот. По кратката инспекција го увидов проблемот кој не го очекував. Од самото стоење свиткана во торбицата самата гума се излижала по рабовите каде што била свиткана до тој степен што се појавила кратка линија како пресечена со скалпел. Со голема доза на нервоза ја залепив линијата и пробав пак да ја напумпам гумата. Пак ништо. Подетално ја испитав гумата и сфатив дека е излижана по целата должина на работ, а таму каде лижењето било понагласено се појавиле неколку линии од ист карактер.

090320135027

Непоправливо. Ми се слоши кога ја проверив и втората 26″ резервна гума. И кај неа состојбата беше иста и непоправлива. Не очекував дека такво нешто може да се случи. Гумите скоро воопшто не беа вадени од торбицата, не беа на сонце и немаа никакви други дефекти.

Седнав (легнав) да се одморам и ми текна дека нема ништо од ветувањето за попладневното возење со син ми. Плус сум во минус две добри гуми, плус ми фали уште една гума за неговиот точак -ќар до гуша.

Единствено што ме тешеше е тоа што проблемот не го открив некаде на пат туку дома. Барем сега имам време да размислам за чувањето на следниот пар резервни гуми и нивна почеста контрола пред возење.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s