Неделна тура

Сезоната 2013 е официјално отворена!

Како што се затоплува времето, расте и желбата за возење. Tака што поканата за Лешочки манастир дојде во вистински момент. Додуша малку бев настинат (а и уште сум), но тоа не успеа да ме спречи во возењето.

Недела, утро. Збирно место Плоштад Македонија.

IMG_20130317_094656

Беше прилично ладно, сите се сложија. Тоа се знаеше уште неколку денови претходно според прогнозите, така што бев спремен. Ракавици, јакна, марама под кацигата.

Тргнавме. Додека возевме накај Сарај мислам дека апсолутно сите семафори не фатија на црвено. Не дека е многу важно, ама ми остана во меморија. После Сарај групата почна да се раздолжува, што е и вообичаено и првата станица за пребројување беше после околу 20 километри од стартот.

IMG_20130317_105759

Како што успеав да забележам, групата се состоеше претежно од планински велосипеди, мислам два друмски и еден сингл -спид. Продолживме. Патот почнувајќи од Сарај е во блага нагорнина и бев спремен дека во група со “обични“ велосипеди ќе бидам некаде на опашката. Така и беше, иако да признаам се трудев за да не заостанувам премногу. Да возев сам најверојатно поспоро ќе ја возев релацијата. Уште едно пребројување пред спустот кај Желино и правец надолу. На удолницата се примети аеродинамичната предност на лежипедот пред останатите велосипеди. Ги поминав сите, па  дури и друмските велосипеди со тенки гуми. После тоа пак угорница и ете го Лешок. Поточно знакот за Лешок.

(слика позајмена од албумот на Горан Василев, цел албум http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10151481025347731.1073741825.646212730&type=1 )

После тој знак има една нагорнина од километар и пол, вистински тест за сила и нерви. Држ’ се Сергеј! Тргнав успешно да ја совладувам кога на последната кривина, пред самиот влез во манастирскиот комплекс, едно Југо во недостаток на сила, а изгледа и нерви, тргна надолу во рикверц директно кон мене. Морав (во паника) да застанам и да се тргнам од патот. Бидејќи се работеше за неколку метри, немаше логика пак да се качувам на лежипедот и така неславно влегов пешки и со туркање.

Лешок.

IMG_20130317_125959

IMG_20130317_131153

IMG_20130317_135208

IMG_20130317_135214

Т.е. јас си го викам Лешок. Тоа всушност е Лешочки манастирски комплекс. (http://tinyurl.com/ch5mryj) Многу убаво место.

Времето беше совршено. Сонце колку ти душа сака. Друштво таман. Келнер, долго еспресо у голема шоља!

Чувствував дека ме болат колената. Сепак напорот и желбата да не се заостанува премногу си го земаа данокот.

(Facebook Албум позајмен од Никола Спасеноски)

Дента бевме семејно поканети на детски роденден, така што кога една помала група реши малку порано да тргне накај Скопје и јас бев за.

За да биде турата поубава и повозбудлива тргнавме да се враќаме преку Јегуновце, Радуша и Кондово. Сум го возел тој пат и порано и веќе знаев дека е прекрасен. Скоро по целата должина е паралелен и на неколку места се пресекува со железничка пруга што лично многу ми се свиѓа. Боите на пределот се несекојдневни. Некои чудни нијанси на пепеласто кафеава.

IMG_20130317_145901 IMG_20130317_150532

Сообраќајот на патот е минимален, но за жал тоа не може  да се каже за расфрланото ѓубре и шут по целата негова должина. Купишта.

Километар по километар, стасавме и до Ѓорче. Уште малку заедничко возење по Партизанска.

-Чао!

-Супер си пројдовме!

-Се гледаме пак!

4 thoughts on “Неделна тура

  1. да… навистина добар репорт со слики на место и битни детаљи … И јас се нервирам од ѓубрето секогаш клога ќе поминам по истио пат… исто така се нервирам и од чадот од запалени гуми од индустрискиот комплекс Јегуновце… ама тоа е😦

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s