Саботно на кеј со Симон

Вчера беше прекрасен ден. Уште кога станавме со Симон го приметивме сонцето надвор, а за него бевме спремни.

Во петокот ги кренав сите точаци од гаража да проверам нешто. Го видов стемот на точакот на Симон и сфатив дека мене ептен ќе ми заврши работа ако пасува.  Ми требаше пократок стем за мојот градски велосипед затоа што со сегашниот многу се тегнев нанапред, а на него му требаше повисок волан затоа што со сегашниот многу возеше наведнат. На помош за делови ни дојде стариот детски велосипед на Симон кој веќе не го вози затоа што го израсна. Тој е Собим со 16″ тркала, а сегашниот Booster е со 20″ големина на тркала, како Пони.

На големо задоволство увидов дека сите три велосипеди користат иста дебелина на стемови (делот што влегува во предната вилушка). Дури исти им беа и деловите кои го стегаат воланот. Немам шублер па да не измислувам сега децимални цифри, проверив -пасува.

Што значи:

– стемот од Симон оди кај мене

– стемот во комплет со воланот од стариот точак на Симон оди кај неговиот нов точак.

Немаше потреба од никакво подесување на каблите од кочниците, све беше совршено. На неговиот стар точак од забава му ги монтиравме деловите што ни останаа и добивме еден многу “Панкерски” модел.

IMG_20130324_100752

Не знам кој ќе го вози, знам дека јас би го пробал да бев сигурен дека ќе ме издржат тркалата.

Тоа беше во петокот. Значи во саботата веќе бевме спремни, што значи можеше да се тргне.

На кеј слеговме кај хотелот Александар Палас. По пат му посочив да внимава на местото каге последниот пат си ги издупи гумите со Бабин зуб. Тргнавме по кеј и го гледав Симон дали му одговара новиот волан. Изгледа му беше совршен. Возеше мирно, исправено и дури морав да го бркам бидејќи фати солидна брзина. Застанавме да го сликам, иако не е голем љубител на позирање му измамив една насмевка.

IMG_20130323_124538

Продолживме понатаму. Целта ни беше трговскиот Бисер во Аеродром. Мислев да излеземе од кејот на местото во Аеродром кај што  има една чешмичка на која пишува “Поклон од рибарите”, но кога видов дека Симон може да издржи без проблем уште малку возење, стасавме и до мостот Близнак, до самиот крај на кеј. Тоа ни се исплатеше и затоа што таму се сретнавме со двајца блиски пријатели кои ми пренесоа убава вест, (за таа вест во некој подоцнежен пост).

Во Бисер се најдовме со жена ми која беше дојдена со кола за да во случај на Симон му биде премногу возење на точак, го земе назад со истата. Но Симон не покажуваше знаци на измореност така што решивме на точак и да се враќаме. Една осмина бурек и една неуспешна потрага по сладолед подоцна, тргнавме кон дома. Не по истиот пат за да не ни биде досадно. Пројдовме низ стар Аеродром. Симон си поигра со едни деца на едни  љуљашки кај Тобако (2 мислам). Под железничка, низ Плоштад во парк. Е таму најдовме сладолед. Сега се прашувам зошто и јас не си земав? Во парк едни пријатели, па други роднини, па уште едни пријатели, со сите се видовме. На сите им го пофалив Симон, а и за фалење беше. Па тоа се скоро 17 километри. Браво!

Не знам како следно Симон ќе го изненади гордиов татко.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s