Камера, снимај!

Пред точно месец дена се најдовме со екипата од Телма телевизија во Градски парк. Средбата беше од порано договорена и иако ми се чинеше дека сè пребргу се случува, со задоволство ја очекував.

Јордан и Јане.

Јордан автор на емисијата “Луѓе и места“, а Јане зад камерата. Се плашевме да не заврне, но времето нè послужи. И ветрот не изостануваше.

Почнавме. Снимавме неколку кадри возење низ парк, малку лежипедот, малку одење пешки и така дојдовме до разговорот. Побаравме место каде што ветрот нема да му смета на микрофонот и се наместивме. Е досега сè одеше мазно, си реков. На почеток малку збунување, па повторување, па следното прашање и кога сфатив сум се разборел толку што ќе им снема лента. Разговорот помина супер, барем мене така ми се чинеше. Прашањата на Јордан беа како створени за муабетчија како мене. Си кажав сè што си сакав.

Се поздравивме и разделивме. Од парк заминав до платото пред Влада каде што беше стартот на Критична маса #10  Бев солидно уморен и смрзнат ама друштвото и возењето беа супер така што не приметував. На крајот од возењето сите учесници добија и беџови, а јас мојот веднаш го закачив на торбите од лежипедот. Кога се вратив дома бев исцрпен до крај, но исполнет.

Емисијата на Телма требаше да се емитува истата недела.

Неделата дома, терминот запазен, построени пред телевизорот, роднини запознаени со ситуацијата. Јас почнав да подгризнувам од ноктите, како ли ќе испаднам?

И ете ме на телевизија! Ехеј, радости! Па дури и си се допаѓав така од страна кога се гледав. Заврши, заѕвонеа телефоните, и на роднините и пријателите им се допаднала емисијата. Навистина супер испадна.

И еве ја на Youtube.

 

Се потрудив и со преводот. Кога е веќе на Youtube нека се разбира и на англиски што се зборува.

И сега додека пишувам се навраќам на целиот тој ден 27.02.2013, сфаќам дека ми останал во едно прекрасно сеќавање.

Јордан и Јане, Телма ТВ

Јордан и Јане, Телма ТВ

Градски парк Скопје, 27.02.2013

Мене малку ветрот ме потфати

Критична маса #10 Скопје, 27.02.2013

Критична маса #10 Скопје, 27.02.2013

Навистина прекрасен ден.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s