Мала надградба

Надградбата на велосипедот со нови делови секогаш радува. Моментите на испробување и запознавање со различни производи се едни од најубавите. Подобро го запознаваш велосипедот, а и себе преку нив. Што ти одговара (лежи), а што не.

Деновиве и јас го подновив лежипедот со нови менувачи (шифтери) во комбинација со рачки за кочници. Старите шифтери Gripshift беа дотраени и не менуваа веќе како што треба. Ми правеа нервоза затоа што не ја погаѓаа брзината па затоа морав на секое менување да ги подвртувам уште малку за да го најдат правото место.

Да, пробав и со штелување, но безуспешно, сепак им беше дојден крајот. Плус левиот шифтер кој служи за менување на брзините на предниот запчаник се поткрши, а моите обиди за поправање не успеаа да помогнат. Мора нови!

Се распрашував што, каде, како и за мое огромно задоволство на помош ми се најде Игор Костов кој ми ги понуди неговите Shimano Acera шифтери/кочници pro bono (читај беспари).

И така, додека јас мирно го чекав почетокот на Критична маса #12 се појави Игор и шифтерите веќе беа кај мене.

слика позајмена од албумот на Ратко Илиевски http://tinyurl.com/c4cmk72

Едвај успеав да издржам до крајот на КМ12 за да ги ѕирнам.

Е сега се мислев дали ќе пасуваат, затоа што беа за задна касета со 8 запчаници, додека на лежипедот имам касета со 7. Следи интернет претрага, посета на блиските велосипедски сервиси и сите се сложни дека не би требало да има поголеми проблеми за нивно поставување и функционирање.

Инаку скоро исти менувачи имав на мојот претходен велосипед KTM Life One така што имам искуство со таквиот модел. Тоа е систем каде што менувањето на брзините кон поголемиот запчаник се врши со помош на палецот кој ја затегнува сајлата, додека префрлањето на ланецот кон помал запчаник се врши со показалецот, со минимален стисок на втора помала рачка.

Стража, 2010

Стража, 2010

Лично ми се допаѓаат затоа што лесно се штелуваат, а и прилично се прецизни.

Е па тогаш алатот во рака и на работа. Старите шифтери и рачки за кочници надвор, а на нивно место Acera. Останаа истите сајли. На делот со кочниците скоро ништо не требаше да се менува, така што за кратко време успеав да ги поставам и затегнам. Додека работев кај кочниците ги проверив и гумичките да видам дали треба да се исчистат од зрнца песок или струготини од бандашите, но се беше чисто.

Готово.

IMG_20130428_110543

Следи тестирање и штелување. За среќа, во моја близина го има овој огромен паркинг кој е често сосема празен и кој секогаш ми се наоѓа во вакви ситуации.

IMG_20130428_110605

Малку напред- назад, држ’ не дај, и штелувањето беше готово. Успеав кај најмалата брзина да оставам празен од (луфта), така што проблемот со разликата во бројот на брзини е надминат.

Пробното возење по кеј беше право уживање. Сфатив колку сум се нервирал со претходните неисправни шифтери. Веднаш ми се појави желбата за возење по отворен пат така што почнав и да правам планови за во најблиска иднина. Велес или Свети Николе, нешто натака ќе биде.

Во меѓувреме поттикнат од постапката на Игор, кога комшијата ми се пожали дека го боли грбот затоа што е премногу наведнат врз воланот кој му е прениско поставен, веднаш му понудив еден од моите стари волани за велосипед со мала кривина (rise) која ја поткрева положбата на рачките. Возењето со повисоки рачки многу влијае на подобрување на удобноста.

IMG_20130428_110618

Толку за досегашните промени.

Мислам дека следниот пост ќе  ми биде за малку поинакви моменти околу уживањето со велосипед. Малку bling.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s