До Катлановска бања на “обичен” точак

Мај. Месец совршен за возење точак. На исто мислење беше и жена ми кога ми спомна дека сака да проба да вози некоја малку подолга рута. Да се излезе малку од град и да осети за што јас всушност и зборувам кога се враќам од некое возење.

Супер, реков. Прво да ти го средам точакот!

Со нејзиниот точак Capriolo – Passion Lady уште на самиот почеток имавме проблеми. Не поради него самиот туку поради неквалитетното составување од страна на продавачот во продавницата Весна во Лептокарија (сега веќе не постои). Понудата звучеше сосем солидно. За два велосипеди ни дадоа попуст кој беше примамлив па затоа и се решивме да ги купиме. Но после само три дена возење и на двата велосипеди десната педала се искриви и отпадна од преносот. Причината била недоволното затегнување од страна на вработениот во продавницата. Прилично се изнервиравме кога не беше прифатена никаква рекламација и моравме да купиме нов пренос затоа што постоечкиот беше непоправлив. На вториот велосипед успеавме на друго место да го поправиме преносот, но сепак педалата стои малку накриво. Наместо да биде купувањето велосипед задоволство и уживање нас ни се скрши филмот скроз.

Но што е тука е. Да видиме што друго може да се подобри.

IMG_20130514_155343

IMG_20130514_155221

На прво место гумите. Бидејќи се работи за планински велосипед, фабрички му беа ставени гуми со крампони кои што се ужас за асфалт, како во однос на брзината така и за нив самите бидејќи самиот материјал од кој се изработени побрзо се троши (лиже) кога се вози по асфалтирани патишта. Задоволен сум моите гуми Кенда 26х1,5 кои ги имам на мојот точак за низ град, па затоа решив да ставам исти такви.

Следни беа кочниците. За таа цена на велосипедот не ни очекував ништо подобро од тие што беа ставени, но сепак ми сметаа. Испадна дека имам рачки за кочници кои ми останаа од лежипедот по промената со комбинираните Ацера. Докупив само клешти за кочење, комплет со гумички. Исти какви што имам на лежипедот па така да ми беа познати. Далеку се подобри од тие што беа монтирани. Уф, и кошулиците беа од најслаб квалитет па ги сменив и нив. Црвени.

IMG_20130514_155302

Со техничките подобрувања завршив, се посветив малку на удобноста.

Знаев дека дланките, посебно тие кои не се навикнати на подолго возење знаат да болат доволно за да го упропастат доживувањето. Го сменив и воланот. И го монтирав мојот трекинг волан од градскиот велосипед на кој може лесно да му се подесува висината, а има и многу позиции на кои може да ги постави рацете. Уште малку подесување на висината на седиштето и точакот беше готов. Два дена тестирање низ град и по кеј потврдија дека е спремен за подолги авантури.

Рутата за возење до Катлановска бања ја одбрав поради должината (70км во двата правци), излегувањето надвор од град и прилично рамната конфигурација на патот. Освен низ Катланово све е сосем рамно.

Недела. Прогнозата најавуваше дожд, но сепак тргнавме. За да бидеме рамноправни и јас го возев мојот градски велосипед. Сакав да се чувствуваме исто во однос на умор и болки во телото, а тоа со лежипедот, поради неговата удобност немаше да биде можно.

Прва станица за посериозен одмор беше Петровец, што за почетник како што е жена ми е сосем солидно. Сфативме дека нема да биде проблем да вози до Катланово затоа што знакот од таму пишува дека има уште само седум километри. После ‘Ржаничино патот излегува од населениот дел и продолжува низ еден прекрасен предел кој го сликам секој пат кога ќе поминам.

IMG_20130512_120204IMG_20130512_120010

IMG_20130512_120026IMG_20130512_115926

Денес беше цел со булки и разноразни други цвеќиња. Убавини.

Стасавме до Катлановска бања во време кога го служеа ручекот, па затоа све беше раздвижено. Луѓе, мажи и жени од сите возрасти најадени уживаа во воздухот и атмосферата.

Се напивме по едно кафе и тргнавме за назад. Веќе беше поминато два часот попладне. Тргнати бевме од девет сабајле така што уморот полека не пристигнуваше. За среќа времето беше на наша страна. Беше облачно за време на целиот пат и температурата беше совршена, иако на крај сфативме дека сме изгореле од сонцето дури и низ облаците.

Солидно уморни го поминавме подвозникот кај Маџари. Седнавме да се одмориме во дворот на црквата Свети Спас. Јас бев прегладнет, но имавме сендвичи кои ни останаа. Секогаш е добро да се спреми повеќе јадење за по пат.

IMG_20130512_162051Уште малку возење по кеј и стасавме дома. На ред беше одмор и размислување за следната рута. Оваа совршено помина.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s