Рекламен материјал

Одамна имав идеја да си направам некаков рекламен материјал со лого или нешто слично. Бидејќи сега на дофат има секаква технологија наједноставно ми беше да си направам налепници. Лого имам, текст имам, уште самолеплива хартија и печатар во боја. Има и тоа во скоро секоја фотокопирница.

Прво купив хартија каква што ми се допаѓаше, сјајна, но кога пробавме да ја печатиме на ласерски печатар кај еден другар, резултатот беше катастрофален. Целата боја едноставно отпадна од самата сјајна површина на хартијата. Дури и се исплашивме да не го расипавме печатарот. За среќа ништо не му беше. Се вратив во продавницата и таму пак ме убедуваа дека таа хартија е за ласерски печатар во боја, но сепак земав друга самолеплива хартија. Мат.

Помина можеби и цел месец додека пак не се навратив на идејата за налепниците. Овој пат решив да одам во фотокопирница и да видам таму што ќе ми кажат. Количината е минимална, само два листа А4 формат. Во фотокопирницата не беа баш расположени да го користат ласерскиот печатар за да испечатат две страници целосно покриени со портокалова боја, па ми понудија цена која не ми одговараше затоа што сепак не бев сигурен во резултатот. По предлог на вработениот одлучив да ги испечатам на Ink-jet печатар и тоа на нивна самолеплива хартија.

Резултатот беше разочарувачки. Јазот помеѓу тоа како ги замислував и како испаднаа налепниците е преголем. Портокаловата боја е бледа, без никаков сјај, а текстот кој е со бели букви едвај се распознава. Одозгора им залепив проѕирна фолија затоа што сакав да ги залепам на лежипедот. Со таа фолија нема да впиваат вода и подолго ќе траат.

Но сега, што е -тука е. Ги прогласив за пробни налепници! Барем сега им ја знам големината и изгледот во живо, па можам да ги изменам ако сакам. Ми треба само малку попрофесионален пристап ако сакам да испаднат како што треба.

налепници

Сликата е доработена во Photoshop, не се волку добри.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s