Ринг – Ринг или Динг – Динг

Деновиве, бидејќи на “Зимскиот“ велосипед уште му стоеа широките гуми со штрафови низ град го возев велосипедот на жена ми, Capriolo Passion Lady. Планински велосипед, но му ставив потенки мазни гуми и поширок волан за да биде со по градски карактер.

Додека го возев, особено околу автобуските станици, приметив дека ми фали ѕвончето. Сум заборавил да го намонтирам кога го менував воланот. Дури откога ми фалеше сфатив колку уствари е корисно и потребно. Бидејќи  кај нас велосипедските патишта многу често се сечат со пешачките, чувствував дека со разминувањето со пешаците ќе ми беше полесно доколку им дадев некаков знак дека им се доближувам. Вака без ѕвонче морав да чекам да ме самите да ме приметат за да не се доведувам во некаква непријатна ситуација.

Хмм, ѕвонче..

Велосипедското ѕвонче го измислил Џон Ричард Дедикоут и го патентирал 1877 година во Англија. Неговиот дизајн е сеуште во употреба. Тоа е оној Ринг – Ринг дизајн што кога ќе го отвориш механизмот, кој се активира со палецот, се состои од две метални шајбни кои удираат во металниот капак на самото ѕвонче.

800px-Timbre_Bicicleta-2009

Подоцна се појавиле и Динг – Динг ѕвончиња, кои исто така се активирале со палецот и биле монтирани на воланот. Кај нив звукот се произведува со потчукнување на ѕвончето од надворешната страна.  По конструкција се поедноставни од претходните,

DSC06209-outdoor

па затоа мислам дека од таму доаѓа, по мене најмасовно произведениот дизајн, кој го има и кај нас, а и со најниска цена.

bell mass

Дизајнот велосипедско ѕвонче некои го довеле и до ниво на уметност, како што е ова Sogreni ѕвонче кое во различност од материјалот од кое е направено, произведува и различен звук.

sogreni1 согрени

Ваквите ѕвончиња претежно се користат во ситуации во кои се инволвирани велосипеди во однос со пешаци, бидејќи звукот не е доволно гласен за да би се искористил за предупредување на некое моторно возило. Потребата за погласно ѕвонче довела до појава на поинакви системи за предупредување.

На пример оваа AirZound велосипедска труба која работи на систем на воздушен притисок кој се пумпа со велосипедска пумпа во шише кое се поставува на местото на бидонот за вода. AirZound произведува звук со јачина од 120 децибели кое е еднакво на гласен рок концерт или млазен мотор.

airzound3_komplett

(Повеќе за AirZound тука: http://www.airzound.co.uk/)

Како што на некои дури ни тоа не било доволно, ја произвеле Hornit сирената на батерии која произведува фантастични 140 децибели што е еднакво на истрел од пиштол или гласна петарда.

hornit_handlebar

(Повеќе за Hornit тука: http://www.thehornit.com/)

Но сепак рекордот за најгласен велосипед го држи велосипедот Hornster со јачина од речиси 180 децибели, а тоа е погласно и од истрел од пушка. Не мораш да се грижиш. На овој велосипед сигурно сите навреме ќе те забележат.

hornster

Сирената на овој специјално направен велосипед се состои од три сирени на кои вистинското место им е на локомотива, низ кои струи воздух под притисок кој се пумпа во нуркачка боца за кислород. Гласно, нема што.

Без ѕвонче сигурно дека може да се вози велосипед, но за учество во сообраќајот е сепак важно да се има средство кое овозможува да го најавиш своето присуство на останатите учесници. Сум приметил дека пешаците прилично стресно го доживуваат велосипедскиот сигнал. Претпоставуваат дека штом ѕвониш, сударот е неизбежен и почнуваат да скокаат на сите страни. Затоа почнав повнимателно да го користам ѕвончето, за еден порелаксиран однос помеѓу пешак и велосипедист. Се надевам дека и возачите на моторни возила ќе ја сфатат истата потреба за порелаксиран однос помеѓу нив и велосипедистите, барем додека не се изградат посолидни велосипедски патеки.

За крај збирка на пријатни звуци од велосипедски ѕвончиња.

http://www.bicycling.com/bikes-gear/bikes-and-gear-features/our-16-favorite-bike-bells